(ВИДЕО) Се заканил дека ќе го разнесе авионот, откажан летот од Сиднеј
На аеродромот во Сиднеј, на летот на „Малезија ерлајнс“ дошло до вистинска драма кога еден од патниците, според австралиските медиуми, се заканил дека ќе го разнесе авионот.

Летот од Сиднеј за Малезија е откажан. Патник кој тврди дека бил на летот објавил видео дека човекот „се заканувал на персоналот и на патниците“.






