(ВИДЕО) Се запали двокатен автобус на ЈСП, пожарот бргу беше изгаснат

Според информациите од противпожарната служба нема повредени лица

Двокатен автобус на ЈСП доцна попладнево се запали на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Пожарот избувнал во задниот дел на автобусот, каде што се наоѓа моторот и зафатил дел од инсталацијата. Меѓутоа, како што велат од Противпожарната бригада на Град Скопје, бргу било интервенирано и пожарот е изгаснат уште додека бил во почетна фаза.

Според информациите од противпожарна служба, нема повредени лица во пожарот.

Дојавата за пожарот кај скопските пожарникари стигнала во 18:50 часот.

Back to top button
Close