(ВИДЕО) Сестрата на убиената Фатмата кај Гевгелија се обрати до македонските граѓани: Полицијата лаже за нападот меѓу возачот и полицаецот

Сестрата на убиената 23-годишна мигрантка од Сиера Леоне, Фатмата, фрла поинаква светлина врз настаните кои се случувале на 19 април во близина на Гевгелија, а каде Фатмата загина откако полициски службеник испукал куршум од службениот пиштол.

Полициската верзија на настаните, е спротивна на она кое го тврди семејството водејќи се од сведоштва на присутните останати мигранти, меѓу кои бил и Абу Бакар, сопругот на девојката. Полицијата извести дека откако мигрантите биле забележани во две возила, полицијата се обидела да ги запре, а при тоа едниот од шверцерите, 26 – годишниот К.Ј. физички го нападнал полицаецот обидувајќи се да му го одземе пиштолот.

„Притоа полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите (жена), која веднаш била пренесена до Итната медицинска помош каде починала“, известија од МВР во своето соопштение.

Но, сестрата на Фатмата во видео обраќање до македонската јавност кое го испратила до редакцијата на „Слободен печат“ повикува граѓаните да им се приклучат во барањето на правдата и прашува зошто полицаец пукал во невооружена девојка додавајќи дека немало никаков физички напад врз полицаецот.

„Министерството за внатрешни работи тврдеше дека полицискот службеник пукал, зашто имало физички напад меѓу возачот и полицаецот. Ова не е вистина. Абу Бакар беше таму, други луѓе беа таму: Немаше физички напад. Ова е лага. Сакаме правда за Фатмата и сакаме луѓето од Македонија да се борат со нас. Сакаме да ја знаеме вистината. Зошто полицаецот застрела невооружена девојка? Сакаме фер и транспарентно судење и одговори на прашањата кои нè измачуваат. Единственото што би можело да ни даде малку мир, или барем некакво олеснување – е да биде утврдена вистината за убиството на Фатмата и вистината да ја знае целиот свет. Ве молиме да ни се приклучите во борбата за вистината, ве молиме придружете ни се во тоа да не ја заборавиме“, вели таа во своето видео обраќање до македонската јавност.

Повеќе

Back to top button
Close