(ВИДЕО) Штип: Сред бел ден го стопира сообраќајот и си натовари бекатон плочки од улицата

Штип, сабота претпладне, раздвижено во населбата Сењак, во делот каде населбата од булеварот се поврзува со новиот челичен мост на Брегалница. На поминување по булеварот слушател на Канал 77 забележал човек, кој ги вади свежо поставените бекатон плочки и си ги става во багажникот на возилото.Другите возила го одминуваат, но, никој не реагира. Дури во еден момент го закочува сообраќајот, па другите возила мора да подзастанат за да се размиснат со тие што доаѓаат од спротивната страна.

Откако ќе го наполни багажникот, човекот влегува во возилото, седнува на совозачкото место и си заминува. Сепак, регистрацијата на возилото останува забележана на видеото во прилог. Ако сака некоја од институциите да реагира.

Извор: ММС

Back to top button
Close