(ВИДЕО) Што значи „Маидан“ за Украинците

„Маидан е најголемата про- европска демонстрација во историјата на ЕУ“, Ги Верхофштад, поранешен премиер на Белгија.
Ретроспектива од граѓански активисти, уметници, учесници на протестите на Маидан во 2014 година собрана во осум минутно видео со инсерти од демонстрациите и сведочења од учесници. Дел од учесниците во видеото кои време на протестите биле малолетни, раскажуваат за влијанието на востанието во секоја сфера во животите на Украинците.

„Политичарите мора да се водат од интересот на граѓаните“, „За мене, „небесните стотина“ се луѓето што го дадоа својот живот, и со тоа започнаа социјалните промени“, „тие ја покажаа вредноста на слободата и други универзални вредности, кои во тоа време не беа доволно јасни за општеството“, „најголемата вредност на Маидан е тоа што луѓето сфатија дека имаат моќ“, се неколку од пораките од учесниците во видеото.

Back to top button
Close