Видео:Силен ветар го сруши видео бимот врз модераторката. Преспа форумот во прекин

Вечерва, на Преспа форумот во Струга, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и преку камерите кои го пренесуваа настанот во живо.

Поради силниот ветер, видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот истрчаа да ѝ помогнат.

За среќа, Зенели не е повредена, но дебатата е привремено прекината.

Преспа форумот годинава се одржува во Струга но се покажа дека условите во овој град не се на нивото што го бара собир од ваков тип. Освен што се правеше вештачки зелен амбиент во  хотелот Дрим и панелите се одржуваа практично на отворено, некаде и прокиснуваше.

Back to top button
Close