Видео: Силно невреме во Љубљана, ветер откорна покриви и повреди луѓе

Љубљана попладнето ја зафати силен бурен ветер. Налетите на ветрот надминаа 100 километри на час, однесени се неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени. Ветрот урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал.

Околу 15 часот кон Словенија дошло невреме од северниот дел на Јадранот. Околу 14:30 часот Љубљана ја зафатил силен ветер, а потоа бурата се префрлила кон Австрија, јавуваат тамошните медиуми.

Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина (Арсо), ветерот достигнал брзина од 102 километри на час, што е нов рекорд.

Back to top button
Close