(Видео) Слон уби возач и повреди едно лице во Керала!

На 1 мај во Керала, сојузна држава во Индија, најмалку едно лице загина откако припитомен слон донесен во храм излезе од контрола и почна да дивее.
Според извештаи на ПТИ и локални медиуми, слонот ненадејно станал агресивен околу 9:45 часот наутро, најверојатно откако влегол во состојба на „маст“ – периодична хормонална состојба кај машките слонови која предизвикува зголемена агресија.
Жртвата е 40-годишен возач на камион од Колам, кој го транспортирал слонот и бил смртно повреден во инцидентот. Тешко повреден е и неговиот махут, кој се обидувал да го смири животното.
Слонот предизвикал голема материјална штета – превртувал автомобили, уништувал мотоцикли и оштетил делови од храмскиот комплекс. По околу два часа интервенција, полицијата и шумските служби го ставиле под контрола со употреба на средства за успивање.
Инцидентот повторно ја отвори дебатата за безбедноста и употребата на слонови во храмски свечености во Индија.
Извор: infomax.mk






