0БНОВЕНО (ВИДЕО) Снимка од нападот на членот на обезбедувањето на Мицкоски на колега полицаец ја избришаа

Снимките од безбедносните камери од познатиот скопски локал, до кои дојде „360 степени“, покажуваат што точно се случувало на преминот меѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари) кога Ивица Б., член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер.

 

На почетокот на видеото се гледа како Ивица Б. (облечен во црна блуза) и Влатко Г. (облечен во зимска јакна во окер боја) разговараат во внатрешноста на локалот.

За кратко време Ивица Б. почнува да го турка Влатко Г. и го изнесува надвор од објектот, каде што туркањето продолжува.

Притрчуваат други припадници на Единицата за недозволена трговија во МВР, кои се на задача, и се обидуваат да ги раздвојат, но Ивица Б. во еден момент замавнува со левата рака и со тупаница го удри Влатко Г. во главата.

По ова, се гледа како Ивица Б. продолжува да му се обраќа на Влатко Г. и да мавта со прст кон него оставајќи впечаток дека му се заканува. Во еден момент повторно го удира по рацете.

Случувањата пред локалот се снимени од две камери од различни агли, така што јасно се гледа инцидентот.

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека во текот на вчерашниот ден МВР ќе поднесе кривична пријава против Ивица Б. за напад на друго службено лице. Според министерот, тој ќе биде суспендиран од работа сè до донесување правосилна пресуда. Притоа, Тошковски рече дека не се точни наводите дека Ивица Б. спречил акција на полицискиот тим од Единицата за недозволена трговија, туку дека проверките од полицајците веќе биле завршени.

Од ВМРО-ДПМНЕ во неделата соопштија дека Ивица Б. ќе биде отстранет од обезбедувањето на лидерот Мицкоски. Во денешното соопштение на партијата која го има министерот за внатрешни работи велат дека „за разлика од СДС, кои кријат инциденти, ВМРО-ДПМНЕ нема селективност, законите важат за сите“.

„Кога обезбедувањето на Заев тепаше луѓе, Спасовски го криеше инцидентот и се замолчуваа медиуми да не известуваат за настанот, наспроти тоа, сега има постапка и брза реакција. Во време на СДС синот на заменик-министерот во МВР, Буши, со приватно возило дивееше со флешери низ Скопје, како да се работи за полициско возило со предност во минување, СДС со сите сили го криеше настанот… Со СДС пукање по улици беше секојдневие, убиства кои останаа неразјаснети, насилство и безредие, СДС е партија чие второ име е криминал“реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, трет ден на прес-конференции бараат целосно расчистување на случајот. Координаторот на пратеничката група Мартин Костовски денеска порача дека „МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски, затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување“.

„Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин. Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицкоски физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал. Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога“,праша пратеникот Костовски.

преземено од 360 мк\\

ОБНОВЕНО

Вечерва снипката од безбедносните камери која денеска напладне ја објави порталот 360 мк а по него уште неколку портали но не и оние кои се про вмровски исчезна од платформата на ју тјуб. Веројатно откако не им успеа на ВМРО ДПМНЕ преку нивните пропагандисти да ја релативизираат тепачката со тврдење дека они гледале туркање меѓу цивили и такви глупости но не и боксови,некој од МВР најверокатно побарал снимката да биде симната од ју тјуб платформата.

 

Back to top button
Close