(Видео) Сопругата на Навални:„Го кријат неговото тело додека не исчезнат трагите од Новичок“

Руската опозициска активистка Јулија Навални денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за убиство на нејзиниот сопруг, рускиот политичар Алексеј Навални, додавајќи дека таа ќе продолжи со работата на својот сопруг и дека сака да изгради слободна Русија. Таа додаде дека нејзиниот сопруг бил отруен со нервниот агенс Новичок.

Јулија ги обвини руските власти дека го криеле телото на нејзиниот сопруг.

– Го кријат неговото тело, чекајќи да исчезнат трагите од новичок од неговото тело – изјавила вдовицата на Навални.

Јулија Навални се огласи откако портпаролката на Навални изјави дека денеска на мајката на рускиот опозициски лидер и на неговиот адвокат не им било дозволено да влезат во мртовечницата за да го видат неговото тело.

Во видеото објавено на каналот на Навални на Јутјуб, неговата вдовица вели дека ќе продолжи со неговата работа.

– Не требаше да го снимам ова видео. Некој друг требаше да биде на мое место, но тој човек беше убиен од Владимир Путин – тврди вдовицата на Навални во видеото објавено на Јутјуб околу 11:30 часот по наше време.

– Путин го уби таткото на моите деца. Путин го одзеде највредното нешто што го имав, најблиската личност, личноста која најмногу ја сакав на светот. Но, Путин го зеде Навални од сите вас. Со убиството на Навални, Путин не сакаше само да убие човек. Сакаше да ги убие нашите надежи, нашата слобода, нашата иднина – вели вдовицата во видеото.

Јулија Навалња рече и дека „точно знае зошто Путин го убил Алексеј“ и најави дека неговиот тим јавно ќе зборува за тоа во блиска иднина.

– Кој точно и како го извршил ова кривично дело, дефинитивно ќе дознаеме. Ќе ги објавиме нивните имиња и ќе им ги покажеме лицата – рече Навална.

Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија, рече таа и порача дека ќе работи во корист на граѓаните на Русија за да се бори против Кремљ и да создаде „нова Русија“.

– Со убиството на Алексеј, Путин уби половина од мене – половина од моето срце и половина од мојата душа. Но, се уште ја имам другата половина која ми кажува дека немам право да се откажам – изјави таа.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во петокот на 16 февруари, соопшти Федералната поправна служба на Русија за областа Јамало-Ненец, додавајќи дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран

Back to top button
Close