ВИДЕО: ЈСП ги префрли автобусите во Транспортен центар за да не им бидат блокирани од приватните превозници
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ од синоќа ги префрли своите автобуси чии линии тргнуваат од централата од Автокоманда во Транспортниот центар под Железничката станица, откако приватните превозници за денеска најавија блокада и ќе ги паркираат своите возила пред централата на ЈСП, јави Телма.
Хаосот со јавниот превоз во Скопје почна пред еден месец, кога вработените на ЈСП „Скопје“излегоа на протест поради неисплатени плати, а главниот град за прв пат во историјата цел ден остана без јавен градски превоз.
По ЈСП, со работа престана приватниот превозник „Макекспрес“ поради неисплатен дол од ЈСП, а од понедленикот, оваа неделава од иститите причини престанаа да сообраќаат и автобустите на другиот приватен превозник „Слобода превоз“.
Вчера градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција излезе со тврдења дека здруженијата на двата приватни јавни градски превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ во изминатите пет години, односно од 2017 до денес, немаат пријавено ниту еден продаден билет во автобусите кои возат за двете здруженија, а истовремено од Јавното сообраќајно претпријатие ги наплаќале фактурите за извозените километри за сума од едно евро по километар.






