(Видео ) Спецјалната единица „РОСУ“ се упати на северот од Косово- Колоната возила се движи кон Косовска Митровица!


Специјалните единици „Росу“ наводно се преселиле на северот на Косово пренесува „Новости“. Колоната борбени возила се движи кон Косовска Митровица.

Средбата на политичките и српските претставници кои работат во косовските институции заврши околу 13 часот во Звечан, а беа донесени неколку заклучоци, од кои главниот е дека „Српска листа“ ги напушта сите политички институции. Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ на седницата јавно соопшти дека поднесува оставка од министерската функција во Владата на Косово.

Одлуките остануваат во сила се додека Приштина не ги повлече едностраните одлуки за регистрација на регистарски таблички. Тие испратија барање до Приштина да ги почитува сите договори, вклучително и Бриселскиот договор.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close