(ВИДЕО) Страшно невреме во Солун: Силен дожд ги поплави улиците и продавниците

Солун повторно го зафати големо невреме, кое предизвика поплави низ улиците, а на некои места има и прекин на електрична енергија.

Цивилната заштита издала предупредување до граѓаните и ги информирала жителите за претстојното невреме.

Цел тунел бил поплавен во Солун. Штети имало и во предградијата на Солун, во Переа. Штети биле забележани и на места на патот кон Халкидики, најмногу во Неа Каликратија. На тие места многу куќи претрпеле значителни поплави.

Пороен дожд и грмотевици се очекуваат од недела навечер до понеделник попладне низ поголемиот дел од земјата, се наведува во написите.

 

 

Back to top button
Close