Видео:Сведоштво на пожарникарите кои први интервенираа на запалениот автобус на „Беса транс

Бугарската ТВ Нова објави ексклузивна сторија во која со огромна доза на емоција за прв пат пред камерите говорат пожарникарите кои први пристигнале на местото каде гореше автобусот на македонската компанија „Беса Транс“. Тие велат дека се соочиле со нешто што не може да им излезе од сеќавањата и се надеваат дека никому повеќе нема да му се случи таква трагедија.

„За мене 23 ноември е многу тежок ден. Не би сакал такво нешто да се повтори. Навистина е многу тешко за блиските на загинатите, но беше тешко и за нас“,

вели пожарникарот Николај Иванов.

 

Првата екипа која пристигнала на местото на несреќата била од гратчето Перник. Пожарникарот Пламен Николов укажува дека се работи за искусен тим, но дека тие воопшто не биле подготвени дека ќе се соочат со таква катастрофа.

„Никој од нас не очекуваше дека во автобусот ќе има толку многу луѓе“,

вели тој.

Ним им било кажано дека во автобусот што имал незгода има и луѓе кои се притиснати меѓу седиштата.

„Постапивме така како што дејствуваме вообичаено. Најбргу што можевме дојдовме до местото, но трагедијата беше голема и немавме никаква шанса да им помогнеме на луѓето“,укажуваат пожарникарите.

Back to top button
Close