Видео: Татко на загинат припадник на ОНА не го пушти Ахмети да положи цвеќе на гробот

Татко на загинат припадник на поранешната Ослободителна народна армија (ОНА/УЧК) денеска не му дозволи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да положи цвеќе врз гробот на неговиот син во Слупчане.

Ахмети присуствуваше на одбележување на годишнина од почетокот на воениот конфликт во кумановското село, каде лани токму тој го отвори големиот споменик посветен на загинатите припадници на паравоената формација

На снимката која е објавена на социјалните мрежи, се гледа како Ахмети ги обиколува гробовите на загинатите војници, ставајќи по еден цвет на секој. Но, кога дојде до гробот пред кој стоеше повозрасниот човек, чие име, според порталот, е Али Махмути, тој револтирано му даде знак со раката и му кажа на Ахмети да продолжи понатаму и да не застанува.

Видеото може да го погледнете на овој линк.

Според „Алсат“, Махмути е од Синѓелиќ, а неговиот син загинал во борбите кај Матејче во конфликтот во 2001 година.

Back to top button
Close