Видео: Тепачка во турскиот парламент, пратеник заврши со дупната глава

Пратеник од турската опозиција денеска итно е префрлен во болница и сместен е на интензивна нега во Анкара поради удар во главата при тепачка во парламентот.

Тепачката избувна на расправата за државниот буџет за 2023 година.

„Состојбата му се влошила поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болница, а состојбата е критична“, изјави за новинарите неговата сопартијка Ајлин Цесур, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите и видеата во турските медиуми, пратеникот е удрен од член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој досега не го коментира случајот.

Расправиите и размената на удари, како што анализираат медиумите, се честа појава за време на тензични дебати во турскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close