Трамп го помилува Род Благојевиќ и откри дека го планира за амбасадор во Србија
Род Благојевиќ беше разрешен, а потоа во 2011 година осуден на 14 години затвор
Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевиќ, кој во 2008 година беше обвинет за корупција и дека се обидел да го продаде своето сенаторско место, поради што прво беше разрешен, а потоа во 2011 година осуден на 14 години затвор.
Благојевич (68) беше осуден на 14 години затвор по низа обвиненија за корупција, вклучително и изнуда поврзана со владини средства за детска болница, како и обид за продажба на испразнетото место на Барак Обама во американскиот Сенат во 2008 година.
Тој помина осум години во затвор, до февруари 2020 година, кога претседателот Трамп му ја ублажи казната и му дозволи да излезе од затвор.
Род Благојевиќ (сега 68 годишна возраст) со сегашното помилување ќе биде целосно ослободен од правните последици што произлегуваат од тогашната судска пресуда.
Благојевиќ, американски политичар со српско потекло, неодамна ја посети Србија и разговараше со претседателот Александар Вучиќ.
Поранешниот гувернер беше сменет од функцијата во 2009 година, а затворската казна почна да ја отслужува во 2012 година.