(ВИДЕО) Тринаесетгодишно момче спасено од урнатините во Турција по 182 часа

Десетици жители и припадниците на службите за итни случаи во изјава за Ројтерс се пожалија на недостиг од вода, храна, лекови, вреќи за телата и кранови во зоната на катастрофа во првите денови по земјотресот.

 

Спасувачките екипи вчера извлекоа живо 13-годишно момче од урнатините на зграда во турската провинција Хатај, повеќе од една недела по разорниот земјотрес. Бројот на загинати во Турција надмина 31 000, соопшти вчера Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби, што го прави најсмртоносниот земјотрес во модерната историја на Турција.

Вкупниот број на загинати во Сирија, разрушена од граѓанска војна, достигна 5 714, вклучувајќи ги и оние што загинаа во бунтовничката енклава и оние во областите под контрола на владата. Тоа е шестата најсмртоносна природна катастрофа овој век, зад земјотресот во 2005 година во кој загинаа најмалку 73 000 луѓе во Пакистан.

Десетици жители и припадниците на службите за итни случаи во изјава за Ројтерс се пожалија на недостиг од вода, храна, лекови, вреќи за телата и кранови во зоната на катастрофата во првите денови по земјотресот, а многумина ја критикуваа бавната реакција на турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (АФАД)

Back to top button
Close