ВИДЕО: ТВ21 во црвена зона на Инфективна клиника – само во последните 24 часа хоспитализирани тројца нови пациенти

„Ова зад мене е инфективната клиника. Секојдневно бројот на новозаразени се зголемува, а граѓаните дел не ги почитуваат мерките, други пак не веруваат дека постои вирус. ТВ21 влегува во инфективната клиника.“, јавува репортерот на ТВ21.

Поделена е на две делови. Зелена или чиста, и црвена или загадена зона. Патеката ја започнуваме тука, од зелената зона. Од тука започнуваат и рестрикциите. Строго забранет влез!

Без соодветна заштитна опрема може да се пристапи до тука. Потребни ни беа 10-тина минути за да облечеме скафандер, маска, наочари, капа и се друго што е потребно. Оваа постапка неколку пати дневно ја повторуваат докторите.

Вака подготвени, може да влеземе во црвената зона.

Овој лифт се користи само за Covid – 19.

„Ова е првиот кат и влезот во одделот за интензивна нега. Тука на респираторна машина поставени се најтешките случаи на пациенти заболени од коронавирус“

Клиниката не е оптеретена, моментално има 47 пациенти, од кои 19 се потешко болни со кислородна поддршка, а во последните 24 часа хоспитализирани се нови 3 лица.

Тука времето тешко минува, секој сака што побрзо да излезе и да ги заборави овие звуци на машините.

На клиниката е и овој пациент од Теарце, вели дека се чувствува добро благодарение на лекарите, пред шест денови бил хоспитализиран.

ТВ21: Како се чувствувате?

Пациент: Добро…благодарение на овој доктор

ТВ21: Од каде сте?

Пациент: Јас сум од Теарце

ТВ21: Колку денови сте тука?

Пациент: Па, денеска ми е шести ден.

ТВ21: Сега се чувствувате добро?

Пациент: Фала му на докторот, супер!

На Инфективната клиника се наоѓа и овој приемен дел. Пациентите кои имаат позитивни тестови или се суспекти првично доаѓаат тука.

Лабораторијата пак која се наоѓа во склоп на клиниката работи 24 часа. Работата со коронавирусот му е зголемена, но велат дека ги прават и останатите испитувања за други болести.

Откако ќе пристигнат примероците од крв транспортирани во оваа кутија, започнува процесот на анализа. Тука се вршат само серолошки тестови, односно се утврдува присуство на антитела кај пациентите.

На крајот, ја напуштивме инфективна, заштината опрема која ја носевме заврши во отпад, јас и докторот поминавме процес на дезинфекција како и уредите со која ја снимавме оваа репортажа.

Back to top button
Close