Видео: Уште еден напад во Истанбул: Пукање во метро станица, полицијата го уби напаѓачот


Стотина пукотници се слушнале попладнево во метро-станицата Шишхане во Истанбул, пишува турскиот весник „Хаберерк“.

Според турскиот весник, полицијата ликвидирала едно лице, поточно „сомнителна жена во метрото“.

По инцидентот граѓаните се засолниле во околните дуќани.

Според дел од медиумите, токму жена го носела ранецот со екплозив по кој денеска најмалку шест лица загинаа, околу 50 се повреденипо нападот на најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.

Уште нема никакви официјални информации за тоа како настанала експлозијата и дали станува збор за терористички напад.

Back to top button
Close