(ВИДЕО) Јужна Турција: 23 повредени во земјотрес со јачина од 5,2 степени

Најмалку 23 лица се повредени во јужна Турција во земјотресот со јачина од 5,2 степени, шест месеци откако катастрофалните земјотреси го погодија истиот турски регион. Центарот за регистрирање земјотреси во Истанбул соопшти дека потресот се случи вчера во 20:47 часот по локално време. Неговиот епицентар бил во малиот град Јесилјурт во провинцијата Малатија.

Покраината Малатија беше меѓу тешко оштетените од земјотресот на 6 февруари. Градоначалникот Селахатин Гуеркан изјави дека во Малатија загинале околу 2.300 луѓе.

На 6 февруари, два големи и последователни потреси ја разурнаа југоисточна Турција и северна Сирија, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Back to top button
Close