(Видео) Вака Кадиров го ожени својот син: Свадбената поворка тајно снимена и покрај предупредувањето од полицијата


Се ожени Ахмат Кадиров, 17-годишниот син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Неговата сопруга е наводно Тамила Махматова, но за невестата не се знае многу.
По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците беа испразнети од жители. Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената веселба.

Но сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили. За снимањето била потребна голема храброст, бидејќи пред свадбата полицајци ги посетуваа куќите и го предупредуваа населението за забраната.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин лично му ја честиташе венчавката на Ахмат Кадиров, едно од 14 деца на Кадиров.

По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците беа испразнети од жители. Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената веселба.

Back to top button
Close