(ВИДЕО) Внимание: Граѓаните во очи на изборите побараа поголема присутност на кандидатите меѓу граѓаните и да има повеќе дуели

Во својата најнова анкета, екипата на Внимание инспирирана од веста дека „годинава на избори ќе излезат 2 милијарди луѓе во 50 држави меѓу кои и Македонија“, ги праша граѓаните дали и колку се мотивирани да излезат да гласаат.

На прашањето, „Зошто е важно да се гласа“, една граѓанка вели: „Важно е, секое гласање е важно, па и ова“. На прашањето, „Што може да ве поттикне да излезете да гласате?“, еден граѓанин вели „Некоја смена во програмите, засега отприлика се од сите партии исти. Треба нешто ново“.

https://youtu.be/PO3rQe_Bq_c

Во однос на прашањето „Каква кампања треба да водат политичарите за да привлечат повеќе гласачи“, граѓаните се изјаснија: „Да бидат искрени“, „Вистинска, каде што ќе има значење позади она што ќе го кажат“, „црна кампања воопшто не е пожелна“, „да не се плукаат, преку глава ни е на сите од тоа“, „па треба да ги привлечат првично младите“, „да се повеќе меѓу граѓаните и да има повеќе дуели меѓу кандидатите“…

Граѓаните даваат одговори и на прашањето, ако би биле кандидат за избори, кој би бил вашиот слоган, вашата порака до граѓаните?

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Back to top button
Close