(Видео) Во Романија изгоре пансион со 26 гости: Загинаа 5 лица, меѓу кои и едно дете

Во голем пожар што утринава избувна во пансион во Романија, загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете, соопшти локалната полиција. Екипите за итна интервенција реагираа на пријава за пожар во селото Тохани во областа Прахова, каде во пансион престојувале 26 лица, соопшти Генералниот инспекторат за вонредни состојби.

Пред итните служби да ја потврдат смртта на четвртата и петтата жртва околу пладне, тимовите за пребарување и спасување трагаа по пет исчезнати лица. Засега не е јасно дали двајцата загинати се меѓу оние кои се водат како исчезнати.

Надлежните соопштија дека 18 лица успеале да побегнат од запалената зграда, а двајца од нив се пренесени во болница каде се лекуваат од изгореници. Околу 12:45 часот надлежните соопштија дека пожарот е изгаснат и дека се трага по исчезнатите.

Зафатена е површина од околу 1.000 метри квадратни. Засега нема информации што го предизвикало пожарот. Фотографиите од пожарот споделени од службите за итни случаи покажуваат дека речиси изгорената структура е зафатена од пламен додека пожарникарите се обидувале да ја изгаснат.

Back to top button
Close