(ВИДЕО) Вонредна состојба во Шпанија – поплавите предизвикаа колапс, има загинати

Неколку безживотни тела се пронајдени во областите погодени од поројни поплави во југоисточна Шпанија, изјави денеска гувернерот на регионот Валенсија.

Тропските дождови предизвикани од студениот воздушен фронт што се движеше низ југоисточна Шпанија во вторникот ги поплавија патиштата и населените области, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат жителите да останат во затворени простории, пренесува Ројтерс.

„Пронајдени се безживотни тела, но од почит кон семејствата нема да даваме дополнителни информации“, изјави првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон.

Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен метеоролошки аларм во источниот дел на регионот Валенсија

Back to top button
Close