(Видео) Вучиќ ги отфрли барањата за меѓународна истрага за изборни нерегуларности

Српскиот претседател Александар Вучиќ го отфрли барањето на опозицијата за меѓународна истрага за наводни изборни нерегуларности, наведувајќи дека изборите во Србија се „прашање на државните институции“.

Граѓаните во Србија протестираат од 18 декември на покана на најсилната опозициска коалиција „Србија против насилството“, која бара поништување на изборите, тврдејќи дека имало изборна кражба. Владата демантираше, а извештаите од домашни и меѓународни набљудувачи укажуваа дека има изборни нерегуларности.

Тој оцени дека опозицијата водела кампања под слоганот „Го мразам Вучиќ“.

„Имате хомогенизирано јадро на луѓе кои ме мразат, но тоа не носи нови гласови, таквата кампања ги одзема гласовите на обичните луѓе“, рече Вучиќ.

Коментирајќи ги оценките на странските медиуми дека на Србија и е потребна „нова опозиција“, Вучиќ рече дека не го интересира кој сака поинаква влада и опозиција во Србија.

„Не ми е гајле што зборуваат странските медиуми и влади, нека се занимаваат со себе и со своите проблеми, а некои имаат повеќе проблеми од нас, за тоа каква влада и опозиција ќе има во Србија, се прашуваат граѓаните на Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече и дека очекува во текот на годината дополнително да се зголемат платите и пензиите доколку, како што рече, се остварат проекциите за стапката на раст на БДП од 3,5 отсто. Тој додаде дека се размислува за дополнителни државни стимулативни мерки за раѓање деца, со што сегашната стапка на природен прираст од 1,63 ќе се подигне на 1,75 отсто.

Back to top button
Close