(Видео) Заев- Декретот на Бајден е за сите поткопувачи, мрчатoри и блокатори на Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор

.Првиот и најголем стратешки парнер на земјава, САД, преку американскиот претседател Џо Бајден, стави фокус и внимание кон Западен Балкан, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја извршната наредба од американскиот претседател Џо Бајден за санкции на сите кои се против Охридскиот и Преспанскиот договор и за сите кои ќе работат против интересите на Западен Балкан.

– Борбата против криминалот и корупцијата навистина ги уништува демократските општества и затоа кога САД, најсовршената демократија пример за сите, ја испраќа оваа чиста порака за нас е сериозна порака на охрабрување. И покрај охрабрување е и дополнителна мотивација дека сме на вистинскиот пат, дека тоа е патот по кој целиот деморатски свет очекува да се развива иднината за сите земји, па така и за нашата демократска земја, нашата република. Поддржувачи сме на Преспанскиот договор. Тоа е порака на демократски вредности за кои се бориме и претставува своевидна потврда за вредностите за кои оваа Влада се залага – рече Заев.

Дефинитивно, наведе тој, имаме ветер во грб сите што веруваме во демократијата, во слободите и во отстранувањето на девијантните појави во општеството.

Прашан кому е упатена оваа порака, Заев изјави дека текстот е многу јасен и чист и додаде оти во него може да се препознае прво дека почнува од Преспанскиот договор кој се вреднува. Секако, посочи премиерот, се вреднува и Охридскиот рамковен договор, резолуциите за Косово, Дејтонскиот за БиХ итн.

– И во едни такви околности, навистина е испратена порака за еден куп негатори, поткупувачи, блокатори и сл. во државата дека ова е пресериозна работа за некој да може да си прави политиканство на нездрави основи – рече Заев.

Back to top button
Close