ВИДЕО: Заев и Филипче со мотори на Делфи форумот

Заев, како што изјави за Вориа.гр, тргнал на 22 април од Скопје управувајќи го својот голем мотоцикл. Пред да стигне во Делфи, поминал низ области на западна Грција, а потоа отпатувал за Пелопонез

Поранешниот премиер Зоран Заев, во придружба на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, пристигнал на „Делфи форумот“ во Грција на мотоцикл од 1 600 кубици, јави грчкиот портал „Вориа“.

Заев, како што изјави за Вориа.гр, тргнал на 22 април од Скопје управувајќи го својот голем мотоцикл. Пред да стигне во Делфи, поминал низ области на западна Грција, а потоа отпатувал за Пелопонез.

Заев ќе биде говорник на „8-от Делфи економски форум“.

„Заев беше опуштен и весел подалеку од тешките премиерски обврски што ги имаше додека постојано се занимаваше со политика“пишува грчкиот портал.

На прашањето дали за време на посетите на Грција се среќава со луѓе кои сè уште се против Договорот од Преспа, тој рекол дека многу Грци му велат дека се за Договорот, додека други му велат: „Не ми се допаѓа Договорот, но ми се допаѓаш ти затоа што си добар човек“.

Извор: 360Степени

Back to top button
Close