Видео: Запросување на пресудата за „Софтвери“ – двајца неправосилно осудени си го кажаа судбоносното „да“ во судница

Неправосилно осудениот во случајот „Софтвери“, Даниел Станчев за кого обвинителството бара притвор денеска во судница ја побара за жена Ирена Ивановска исто така неправосилноп осудена во истиот случај.

Станчев од „Инвока“за кого обвинителката, Ивана Трајчева кажа дека постои опасност да избега оти не бил женет и нема оформено семејство ја побара за жена Ивановска која во судница ја прифати неговата понуда.

Станчев е осуден на четири години затвор, додека Ивановска на три години.

Во моментов има пауза и судот ќе одлучува дали ќе има притвор за четворица осудени, меѓу кои и поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски кој е осуден на осум години затвор.

:

:

 

Фото: 360Степени

Back to top button
Close