(ВИДЕО) Застрелан словачкиот премиер

Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска е застрелан во Хандлова каде се одржуваше седницата на Владата.

 

Според првите информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели. Неговото обезбедување веднаш го пренело во болница.

„Слушнав три или четири истрели. Видов како Фица ја креваат од земја. Полицијата го уапси напаѓачот“, го опиша инцидентот новинар за Aktuality.sk.

Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека се работи за атентат

Владината прес-служба соопшти дека состојбата на Фицо е животозагрозувачка. Оттаму додаваат дека тој ќе биде транспортиран со хеликоптер во градот Банска Бистрица, откако поради неговата состојба не било можно да биде пренесен во Братислава.

Обезбедувањето и полицијата притрчале да му помогнат, додека кај граѓаните кои бегале владеела општа паника. Обезбедувањето го внело Фицо во автомобил, потоа во хеликоптер и е пренесен во болница.

Фицо поладнево е ранет во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава, пред Домот на културата, каде што претходно се одржа седница на Владата, кога излегол меѓу собраните луѓе да ги поздрави.

Лицето кое пукаше кон Фицо е во притвор, јави ДПА повикувајќи се на словачката агенција ТАСР.

Според очевици, напаѓачот го повикал премиерот со зборовите „Робо, дојди ваму“.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.

Европските лидери го осудија, како што го нарекоа, шокирачкиот напад врз словачкиот лидер.

Back to top button
Close