Видео: Зеленски со обраќање на „Фејсбук“ – Дадов инструкции за зголемување на бројот на нарачки за дронови.

Пред два часа, претседателот Зеленски објави обраќање до јавноста на социјалната мрежа „Фејсбук“:

„Штотуку одржав состанок со персоналот. Главен фокус беше на нашите дронски операции и набавка за оваа година, набавка на сè што ѝ е потребно на Армијата.

Денес беа презентирани извештаи за договорите – оние кои веќе се спроведуваат и оние кои се уште се планирани. Ова е заедничка задача за производителите на оружје, нашите владини претставници и сите вклучени – оваа година да биде рекордна во однос на сите видови дронови, како и значително зголемување на производството на украински ракети, артилерија и сета неопходна опрема.

Дадов инструкции за зголемување на бројот на нарачки за дронови. Ова веќе се спроведува. Нашите арсенали се една од гаранциите на нашата независност, исто како што е и прецизноста на нашите воини.

И им се заблагодарувам на сите наши единици кои извршуваат удари на територијата на Русија: врз воени објекти, врз воената логистика на окупаторот. Треба да се постигнат сè повеќе вакви важни резултати“.

Back to top button
Close