(ВИДЕО) Зеленски со вонредно вечерно обраќање: Руски проектили ја погодија Полска, мора да дејствуваме

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вечерва преку видео обраќање, го коментираше падот на ракетите во Полска.
twitter sharing button

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вечерва преку видео обраќање, го коментираше падот на ракетите во Полска.

„Теророт не е ограничен само на нашите национални граници. Руски проектили ја погодија Полска. Истрелаа проектили на територијата на НАТО. Ова е руски ракетен напад врз колективната безбедност. Ова е многу значајна ескалација. Мораме да дејствуваме“, рече Зеленски во видеообраќањето.

Потоа ја изрази својата поддршка за Полска.

„Сега сакам да им кажам сè на нашите браќа и сестри Полјаци: Украина секогаш ќе ве поддржува. Теророт нема да ги ослободи луѓето. Победата е можна кога нема страв. Русија нè тероризира нас и сите што може да ги достигне“, додаде тој.

Back to top button
Close