Виетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да избегне погубување

Обвинителите тврдеа дека таа проневерила 27 милијарди долари, а судот утврди дека биле проневерени 12 милијарди долари, што е сериозно финансиско кривично дело. Сега таа треба да врати 9 милијарди долари, 75 отсто од проневерените 12 милијарди долари, за да избегне извршување на смртната казна

Виетнамската тајкунка за недвижности Тронг Ми Лан е во трка за својот живот. Судот денеска ја одби жалбата на 68-годишната жена која во април беше осудена на смрт поради организирање на најголемата банкарска измама во светот. Високиот народен суд во Хо Ши Мин заклучи дека нема основа за промена на пресудата.

 

Тоа е шокантна пресуда бидејќи таа е една од ретките жени во Виетнам кои се осудени на смрт за злосторства на белите јаки, криминални активности на луѓе кои припаѓаат на повисоките слоеви на општеството. Меѓутоа, законот во Виетнам вели дека ако може да врати 75 отсто од она што го земала, казната ќе и биде заменета со доживотен затвор.

Во април судечкиот суд утврди дека таа тајно ја контролирала Комерцијалната банка Сајгон, петтиот по големина заемодавач во земјата, и земала заеми и готовина повеќе од 10 години преку мрежа на лажни компании, во вкупна вредност од 44 милијарди долари.

 

Во младоста продавала на пазар

Обвинителите тврдеа дека таа проневерила 27 милијарди долари, а судот утврди дека биле проневерени 12 милијарди долари, што е сериозно финансиско кривично дело. Сега таа треба да врати 9 милијарди долари, 75 отсто од проневерените 12 милијарди долари, за да избегне извршување на смртната казна.

Ми Лан рекла дека ѝ е срам што зела толку многу од државата и дека единствена мисла ѝ била да го врати она што го зела. Родена во кинеско-виетнамско семејство во градот Хо Ши Мин, Тронг Ми Лан најпрво работела на тезга на пазар продавајќи козметика со нејзината мајка.

Почнала да купува земјиште и имот откако Комунистичката партија воведе економски реформи во 1986 година. До 1990-тите години таа поседуваше големо портфолио на хотели и ресторани. Кога беше прогласена за виновна во април, таа беше претседателка на познатата компанија за недвижности „Ван тин фат груп“.

 

Осудени се и нејзиниот сопруг и внука

Тоа беше драматичен момент во антикорупциската кампања предводена од тогашниот генерален секретар на Комунистичката партија, Нгуен Фу Тронг. Сите преостанати 85 обвинети беа осудени. Четворица од нив се осудени на доживотен затвор, а другите добија затворски казни од 20 до три години.

Сопругот и внуката на Тронг Ми Лан добија затворски казни од девет и 17 години, соодветно. Се верува дека Државната банка на Виетнам потрошила многу милијарди долари за докапитализација на Комерцијалната банка Сајгон за да спречи ширење паника во банкарскиот сектор.

Адвокатите на Тронг Ми Лан велат дека таа работи што е можно побрзо за да ги најде потребните 9 милијарди долари. Таа поседува луксузен недвижен имот во градот Хо Ши Мин кој, теоретски, би можел многу брзо да се продаде. Остатокот од нејзиниот имот доаѓа во форма на акции или удели во компании или проекти.

Виетнам ја третира смртната казна како државна тајна

Сепак, државата идентификуваше вкупно повеќе од илјада различни средства поврзани со измамата. Надлежните сега ги замрзнаа. Би-би-си дознава дека тајкунката им се обратила на своите пријатели и ги замолила да земат заеми за неа. Нејзините адвокати бараат попустливост од судиите поради финансиски причини.

 

Тие велат дека додека ѝ се заканува смртна казна, ќе ѝ биде тешко да преговара за најдобрата цена за продажба на нејзиниот имот и инвестиции, што ќе го отежне собирањето на 9. милијарди долари. Затоа и предлагаат да ја стават во доживотен затвор.

 

„Вкупната вредност на нејзиниот имот, всушност, го надминува бараниот износ на компензација. Сепак, за продажбата е потребно време и напор. Тронг Ми Лан се надева дека судот може да создаде најповолни услови за таа да продолжи со исплаќање на отштетата“.

Виетнам ја третира смртната казна како државна тајна. Владата не открива колку луѓе чекаат смртна казна, иако групите за човекови права велат дека има повеќе од илјада.

Back to top button
Close