Вијести: Загреб ја закочи Црна Гора за поглавјата 14 и 15?

Додека Црна Гора очекува денеска да затвори две поглавја во Брисел, „Вијести“ од Подгорица објавија дека Загреб, на седницата на Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ (КОРЕПЕР), го спречил затворањето на Поглавјето 15 (енергија) и повторно „ставил рампа“ на затворањето на Поглавјето 14 (транспортна политика). Тоа е трета „рампа“ од Загреб за Подгорица на патот кон ЕУ.

Вијести објавија дека еден од нивните неименувани извори тврди дека Хрватска не дозволила затворање на Поглавјето 15 поради прашањето за истражување на нафта и гас во дел од морето – со оглед на тоа што двете земји немаат воспоставено граница на море – додека друг вели дека причината за блокадата е енергетски кабел.

Тие исто така наведуваат дека синоќа не успеале официјално да ги потврдат овие наводи, но додаваат дека соговорникот од Владата неофицијално им рекол дека не е вистина дека спорот е за енергетскиот кабел.

Црна Гора и Хрватска се спорат за границата на ексклузивната хрватска економска зона и истражувањето на нафта и гас во граничните блокови, поради недефинираната граница на море.v

Back to top button
Close