Влада: Издвоени 615 милиони евра за амортизирање на ценовни шокови

За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, издвоени речиси 615 милиони евра, соопшти деенска Владата.

Посочувата дека минатата година се преземени мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително е донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојната банка.-Благодарение на овие мерки имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Ефектите од владините одлуки дадоа резултати. Преку замрзнување на цените на прехранбените производи, а потоа и намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, успеавме да спречиме огромен раст на цените. Дополнително, на основните прехранбени производи се ограничени и малопродажните и големопродажните маржи за заштита на стандардот на граѓаните. Без овие мерки сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно, соопштија од владината прес-служба.

Дополнително, како што потсетуваат, за ранливите категории граѓани обезбедена е финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за да можат да ги покријат своите сметки и е покачена минималната плата на 18.000 денари.-Во изминатиот период, Владата сите ресурси ги насочи кон справување со кризата. Со мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор, како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме. Без овие мерки цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки. доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само по основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе, се наведува во соопштението на Владата.

Исто така, како што потенцираат, порасна и просечната плата, а во најголемиот дел од секторите во државата во изминатите години платите беа покачени и за над 20 проценти низ изминатите три години.

-Владата е на чекор од реализација на ветувањето од минимум 30.000 просечна плата, последните податоци покажуваат дека просечната плата изнесува 29.980 денари. Влогот во стандардот на граѓаните е врвен приоритет, особено во услови на огромна економска криза и Владата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и компаниите, соопштија од Владата.

Back to top button
Close