Влада: Назначувањето на нов директор на ДПИ е во насока на зголемување на ефикасноста на институцијата

Владата на денешната седница донесе одлука да ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска и го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор
Одлуката за назначување на нов директор на Државниот пазарен инспекторат е во насока на зголемување на ефикасноста на ДПИ и подобрување на капацитетите на раководење, изјави за „360 степени“ портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Владата на денешната седница донесе одлука да ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска и го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор. Владата во соопштението не ја наведе причината за разрешувањето на Симеска Димоска.

„360 степени“ побара одговор од Симеска Димоска, дали знае која е причината за нејзината смена од директорската позиција. Таа само кратко ни одговори:

„Тоа е кадровска политика на Влада“.

Анета Симеска Димосска беше именувана за в.д. директор на ДПИ во мај 2021 година на местото на Стојко Пауновски кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година, поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close