Влада: Возилото за кое се пишува дека е опожарено не е во сопственост на Владата
Соопштение од Канцеларија на портпарол на Влада на Република Северна Македонија:
Ви праќаме информација поврзана со веста објавена на Вашиот портал со наслов „Опожарено возило во сопственост на Владата”, а во која е подвлечено дека „На улица „Димитар Влахов” утрово настанал пожар, при што опожарено било едно патничко возило „ауди 4″ во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.
– Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов”, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4″, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија, соопштуваат од МВР.”
Ви посочуваме дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.