Владата го објави списокот на фирми кои земале државни пари, а не им исплатиле на работниците

Владата попладнето го објави спсикот на сите фирми, кои зеле државна помош, а потоа ја злоупотребиле и не ги исплатиле вработените.

На овој список се компании од повеќе градови, но најчесто се со седиште во Тетово, Струга, Куманово и Скопје.

Погледнете го списокот на овој линк.

Дел од фирмите под притисок на јавноста вчера почнале да ги исплаќаат платите за работниците. Синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Неделава од Управата за јавни приходи обелоденија дека сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.

Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close