Владата и студентите се договорија за оброкот и за подобри услови во домовите


Денеска имаше навистина исклучително конструктивен дијалог помеѓу студенските здруженија, Министерството за образование и пратениците, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претставници на студентските здруженија.

-Драго ми е што се изнајде заеднички јазик, на задоволство пред се на студентите во однос на студенскиот оброк. Но, се разговараше и за други аспекти на студенскиот стандард пред се во делот на инфраструктурата во студенските домови при што веќе се договоривме со министерот за образование дека и во тој дел ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студенски домови каде што не е на најдобро ниво, рече Ковачевски.

Тој повтори дека студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас и своите ставови.
-На нас коишто сме во Владата и пратениците е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решенија коишто ќе бидат на задоволство на сите. Поминаа времињата кога некој можеше со студентите да се поигрува така како што сака, бидејќи студентите се тие коишто се наши деца и коишто се иднината на оваа држава, а за иднината носиме одлуки таа да биде европска и да можат да живеат во услови какви што живеат нивните врсници и во Германија и во Австрија и во сите други земји на ЕУ, додаде Ковачевски.

Back to top button
Close