Владата има рок од 15 дена да го реши проблемот со бомбите, или ќе следат протести


Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и даде на Владата рок од 15 дена да го реши проблемот со лажните дојави за бомби, во спротивно од таму најавуваат протести. Од иницијативата испратиле писмо до Министерството за образование и наука во кое велат дека најголемиот товар од хаосот што се создава паѓа на грбот на родителите и другите роднини.

„Овој процес со дојавите на бомби не трае еден месец, туку пет месеци. Го пореметија нашето секојдневие. Премногу стресно и тешко им влијае на децата и на поширокото семејство. Кој ќе ги оправда нашите излегувања од работа? За изгубената настава на учениците? Кој ќе одговара за овие запоставени генерации?“, се вели во писмото.

Back to top button
Close