Владата во Италија ги забрани мобилните телефони на часови


Владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони објави писмо потпишано од министерот за образование Џузепе Валдитара со кое се забранува употреба на мобилни телефони за време на часовите.

Во текстот се наведува дека употребата на мобилни телефони претставува „елемент на одвраќање” и чин на „непочитување кон наставниците”.

Главниот приоритет наведен во писмото е враќање на авторитетот на наставниците.

Исто така се наведува дека употребата на мобилни телефони и други електронски уреди сепак ќе биде дозволена доколку е за едукативни цели.

Back to top button
Close