Владината одлука за забрана на онлајн игрите на среќа може да ја чини државата над половина милијарда евра

Без соодветно образложение, освен дека се штитат граѓаните, на седница на Влада на Република Северна Македонија беше донесена одлука за забрана на онлајн игрите на среќа и коцкањето преку интернет.

При донесување на ваквата одлука, со сигурност сите приредувачи на игри на среќа на кои им се одзема лиценцата издадена од Државна Лотарија, ќе поднесат судски постапки како би си ги заштитиле своите права и како би си ја наплатиле својата штета.

Правдата освен пред редовните судови во Македонија, друштвата ќе ја побараат и пред арбитражата во Лондон, каде штетата на крајот ќе ја платат граѓаните на Република Северна Македонија, директно од своите џебови.

Слично како со одлуките на претходните влади на Љупчо Георгиевски за ОКТА и Бранко Црвенковски исто за ОКТА, тужени од Мамидакис Оил, ги изгубија парниците заради произволно владино кршење на договорите и цената која граѓаните ја платија за двата спора беше 40 милиони евра од Буџетот на Република Македонија .  .

Со вчерашната одлука на Владата на Република Северна Македонија, каква порака се испрати до странските инвеститори, кои толку очајно ги посакува секоја влада? Последниот јавен повик за приредување на интернет игри на среќа, повик организиран од Државна Лотарија, а по претходно дадено позитивно мислење од Министерство за финансии, беше објавен во светски реномирани часописи.

На тој повик преку десет познати компнии од областа на игрите на среќа земаа учество. На тој повик 3 друштва, кои ги исполнија условите потпишаа договори токму со државата, а со цел инвестирање во Македонија Доколку Владата навистина сака да ги заштите граѓаните, потребно е да увиди дека во сите светски метрополи онлајн интернет игрите на среќа се застапени, и дека тие придонесуваат токму да се затворат постојни физички објекти, каде токму младите играат.

Интернет игрите на среќа се модел каде сите граѓани се заштитени и каде може да играат исклучиво полнолетни лица, кои имаат важечки документ за идентификација и важечка сметка во банка. Само интернет игрите на среќа го дозволуваат тоа.

Со вчерашната одлука, само интернет игрите на среќа организирани од Државна Лотарија се забранија. Сите т.н. диви сајтови функционираат, сите странски сајтови функционираат и даноците се одлеваат на други места. Република Северна Македонија е аспирант за влез во Европската Унија и членка на Обединети нации. Во членките земји на ЕУ невозможно е ваков начин на одземање на лиценца, уште помалку што во тие земји интернет игрите на среќа се дозволени.

Каква порака испративме до странските инвеститори? Колку ќе ја чини Македонија ваквата одлука, односно колку ќе ги чини македонските граѓани оваа одлука? Несомнено дека сите друштва ќе одлучат своите права да си ги заштитат, и проценката е дека штетата би била над 500.000.000,00 евра, односно над половина милијарда евра!

Од друга страна игрите на среќа го полнат државниот буџет во речиси најголем обем од сите гранки во Македонија.

Дали македонските граѓани наместо да се заштитат, ќе плаќаат штета директно од своите џебови? Спремни ли се македонските граѓани да плаќаат штета од над половина милијарда евра? На овие најбитни прашања, државните органи заборавија да одговорат

Back to top button
Close