Владините мерките даваат резултат, за пет проценти зголемена активната транспарентност на министерствата, Владата и општините

За пет проценти е зголемена активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2021 година, споредено со 2020 година, покажува најновиот извештај за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации. Според извештајот активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините година изнесува 63 отсто.

Како што соопшти кабинетот на заменикот претседател на Вкадата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри, по прв пат во шест години, проактивното објавување на јавни информации од институциите, односно нивната активна транспарентност, според градацијата на нивоата, се искачи од просечна во добра транспарентност. Дури 62 од вкупно опфатените 98 институции, се додава, ја подобриле својата активна транспарентност во 2021 година во однос на 2020 година.

-Податоците во Извештајот покажуваат дека општото ниво на активната транспарентност кај министерствата и Владата е зголемено за 2 процентни поени, од 77 % ланската година на 79 % годинава. Оваа година, повеќе од половина од институциите се наоѓаат во двете најдобри групи со ’добра‘ и ’многу добра‘ активна транспарентност. За сметка на тоа, се намалува бројот на институции во трите послаби групи, со ’просечна‘, ’слаба‘ и ’многу слаба‘ активна транспарентност. Во делот на транспарентноста на општините, според Извештајот, за прв пат конечно една општина има дури 100% активна транспарентност, а подобрување е забележано кај 51 општина. Од 16 министерства и Владата, кај дури 12 е регистриран пораст на исполнетоста на обврските од активната транспарентност, стои во соопштението..

Воедно, се посочува, дека по прв пат откако се изработува индексот односно од 2016 година наваму, дури две институции добија максимални 100 %, односно тие ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета.

-Владата на Република Северна Македонија во изминатите четири години презеде значајни мерки и активности во насока на зголемување на транспарентноста и очетноста, на сите нивоа. Уште во октомври 2017–та година , Владата ги задолжи министерствата во рок не подолг од 15 дена на своите веб – страници да ги објават потребните 21 документи и материјали, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а се во насока на отчетни и транспарентни владини институции во служба на граѓаните. Со воведувањето на функцијата заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури, и во согласност со надлежностите од мандатното писмо на вицепремиерот Љупчо Николовски, се проширија мерките за зголемување на транспарентноста на институциите наведуваат од Владата

Пти тоа се потсетува дека на почетокот на декември минатата година, Владата ги задолжи сите министерства и органи кои одговараат пред Владата, вклучително и сите општини, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават на своите документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Транспрентно се објавени, се додава, имињата и веќе се спроведува тестот за интегритет на советниците на функционерите, преку кој ќе се утврди нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција.

Во насока на реална и ефикасна борба со корупцијата и криминалот, како и зголемена транспарентност и отчетост, на почетокот на март годинава, се усвои Планот за борба против корупција, кој содржи мерки за зголемување на транспарентноста, како што се подготовка на годишна Антикорупциска програма, интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки и реализација на договорите, електронски систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози од страна на граѓаните поврзани со услугите од јавната администрација, стои во соопштението од кабинетот на заменикот претседател на Вкадата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри

Back to top button
Close