ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е уценета од СДСМ

Арсовска веќе нема никаква врска со ВМРО ДПМНЕ, на здравје коалиција со антимакедонската и дезертерска СДС која ѝ плаќа билборди и спотови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС ги плаќа билбордите и видеата на Арсовска, коалиција дезертерска темелена на уцени и бизнис интереси. Не поминаа неколку дена се покажаа вистинските мотиви на Арсовска, тајните средби со дезертерот Ковачевски и Зечевиќ имаат ефект, тие ѝ ги плаќаат билбордите низ Скопје, за политичка пропаганда. Арсовска наместо да работи, се занимава со политиканство, одработува затоа што е уценета“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека Арсовска свесно го загрозила проектот за прочистителна станица на реката Вардар и спротивно на препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакала да менува комисија во тек на постапка.

„Заради Арсовска е загрозен проектот за прочистителна станица за Скопје, а намалена е и довербата на градот, како институција во очите на странските кредитори и даватели на грантови. И наместо да се фати за работа, Арсовска во коалиција со СДС смислува кампања и се фрлаат народни пари за билборди и спотови во ек на криза. Народот го гледа лицемерието на СДС и Арсовска и тоа ќе го казни“.

Back to top button
Close