ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо
ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо
За деталите од денешното сценарио и она што вечерва ДУИ го прави внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект.
ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДС да му се јават со кои ја крадеа Македонија.
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ