Внуката на Волт Дизни ќе престане да ја финансира Демократската партија додека Бајден не се повлече од трката

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема намера да си замине откако многу демократи го повикаа да се откаже од кандидатурата за реизбор. На прославата на Денот на независноста, тој одговори на сомнежите за неговата издржливост и ментална острина.

Поради лошиот настап на 81-годишниот демократ во дебатата на 27 јуни со републиканскиот ривал Доналд Трамп, сега внимателно се следи секое негово појавување. Многу демократски гласачи се прашуваат дали Бајден ќе може да го задржи исцрпувачкото темпо на работа во следните четири и пол години, а некои во неговата партија го повикаа да се пензионира.

Вчера, Бајден беше домаќин на годишните прослави на Денот на независноста на САД во Белата куќа. На приемот, едно лице од публиката му извика на американскиот претседател: „Продолжи да се бориш! Ни требаш!“, на што Бајден одговори: „Можете да сметате на мене. Немам намера да заминам“.

Абигејл Дизни, внуката на Волт Дизни, кој ја основа компанијата што го носи неговото име, е последната во низата донатори кои рекоа дека ќе престанат да ја финансираат Демократската партија додека Бајден не се повлече од трката, изјави таа за Си-ен-би-си.

Back to top button
Close