Во Албанија почна полагањето матура, пробиен тестот по англиски јазик

Првиот екстерен испит од матурата е англискиот јазик, но истиот е пробиен и кусо по почетокот порталот „Студентите обвинуваат“ на социјалните мрежи го објавил тестот. И покрај тврдењето на МОН дека се воведени строги безбедносни мерки, но како што се виде очигледно не го спречија пробивањето на тестот, што се случуваше и изминатите години а ниту матурантите да влезат со телефоните во испитните простории, објавија медиумите.

Вчера министерката за образование Огерта Манастирлиу, изјавила дека со 2.900 вработени во образовниот сектор (набљудувачи) се „дефинирани должностите и казните доколку дојде до нерегуларности“.

Засега нема официјална реакција од министерството за тоа како засилените протоколи и строгите правила не беа пречка и годинава да се најде начин и да се препишува тестот. Што ќе се преземе за да не дојде до повторно препишување на 10 јуни кога ќе се полага албански јазик и литература и на 18 јуни математика, останува да се види, додаваат медиумите.

Инаку, во земјата бројот на матурантите во последните пет години е намален за 13 илјади. Тогаш имало 31 илјади наспроти оваа, кога бројот на матурантите е 18 илјади, за што како главна причина се наведува масовната миграција.

Back to top button
Close