Во Белград и Загреб паѓа снег    

Дека претстои заладување на времето во македонија денеска изутрина најдобри се илустрациите од снегот што паѓа во Белград и Загреб. За Србија е необично што додека изутрина главниот град османа под снежна покривка, 200 километри подолу, во Ниш температурата беше 15 степени.

И во Загреб цела ноќ паѓаше снег, но метеоролозите најавуваат дека попладнево ќе почне да врне дожд па улиците ќе се претворат во расквасени сообраќајници.

Поради зимските услови патувањето низ Хрватска е отежнато. На автопатот кон Јадран, во близината на Огулин се преврте автобус. Едно лице загина, а повеќемина се повредени

Back to top button
Close