Во Битола стапуваат на сила мерките за високо загаден воздух

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираше дека во Битола стапуваат во сила мерките и препораките поради надминатите прагови на аерозагадување.

Последниве два дена во градот биле измерени среднодневни концентрации од 155 и 150 mg/m3 ПМ-10 честички. Мерките и препораките според владината Уредба се активираат кога ќе биде надмината вредноста од 150 mg/m3 два дена по ред.

Согласно препораките, во сила стапуваат следните мерки:

Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола;

Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати;

Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци;

Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила;

Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата;

Забрана на горење на отворено;

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот;

Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено;

Back to top button
Close