Во близина на брегот на Јапонија, судир на танкер за хемикалии и товарен брод

Јапонски танкер за транспорт на хемикалии денеска се судри со кинески товарен брод во близина на брегот на југозападна Јапонија.

Крајбрежната стража соопшти дека нема повредени и додаде дека двата брода се закотвени и дека истрагата е во тек.

Од моторот на кинескиот брод, кој првично почна да тоне, истекло мало количество масло но истекувањето е ставено под контрола.

Јапонскиот танкер го напушти пристаништето Кобе за да земе хемикалии од друго јапонско пристаниште и не превезувал товар во моментот на несреќата.

На местото на несреќата се испратени нуркачи.

Причината за несреќата се уште не е утврдена. Според претставник на јапонската крајбрежна стража, екипажот на кинескиот брод изјавил дека јапонскиот танкер ненадејно се скршнал кон нив

Back to top button
Close